Трансфер сагата околу Нејмар добива нова димензија, откако Бразилецот предизвика тепачка на тренингот од Барселона, а Пари Сент Жермен го зголеми интересот.
„Светците“ во трансферот на Нејмар ќе го вклучат и Анхел ди Марија. Аргентинецот би требало да ја намали цената, на трансферот вреден околу 222 милиони евра.
Блиски извори во клубот од Ноу Камп на социјалните мрежи пишуваа дека трансферот на Нејмар во ПСЖ ќе се официјализира после завршување на турнејата во Америка.
Ако се случи такво нешто тоа ќе биде шлаг на тортата во овој летен преоден рок и најскап трансфер во историјата на фудбалот.
OhridNews