Францускиот шампион Пари Сент Жермен следната натпреварувачка сезона ќе ја започне со ново лице на клупата, откако клубот на официјалната интернет страна го промовираше германскиот стратег Томаш Тухел за нов предводник.
44-годишниот стратег на тренерското место во ПСЖ ќе го замени Унаи Емери, кој со предвремен раскин на договорот го плати неуспехот во Лигата на Шампиони. „Светците“ ги освоија сите четири титули на домашна сцена, но елиминацијата во 1/8 финалето од Реал Мадрид беше неопростлива и непроместлива за управата.
Тухел тренерската кариера ја започнал во 2007 година во втората екипа на Аугзбург, а потоа во чекор го пратеше Јирген Клоп водејќи ги Мајнц и Борусија Дортмунд. ПСЖ и апетите на клубот во Европа ќе бидат вистински предизвик за Тухел кој ќе има задача да се бори со далеку поискусни колеги и квалитетни екипи кои исто така атакуваат на тронот од ЛШ.
OhridNews