Лидерот на табелата во Франција, Пари Сент Жермен забележа убедлива победа 3-0 против Монако во дербито на колото.
„Кнезовите“ еден час оддолевеа на нападите од „светците“. Прв патот до мрежата го пронајде Едисон Кавани во 60-та минута.
Истиот фудбалер зголеми и на 2-0, а точка на победата стави Езекил Лавеци по фантастичната асистенција на Анхел ди Марија кој дебитираше во дресот на ПСЖ.
Со стопостотен ефект ПСЖ е водечки на табелата со 12 бодови пред Ремс и Рен со 9 бодови.
Мх.П.