Францускиот шампион, Пари Сент Жермен во еден ден официјализираше два трансфери. Нови играчи во тимот на „светците“ се Жегож Криховјак и Томас Мениј.
Криховјак и Мениј се второ односно трето засилување за ПСЖ откако клубот го доведе Хатем бен Арфа од тимот на Ница.
– Ми преставува голема чест што ПСЖ ме одбра мене да го засилам тимот кој е составен од добри и квалитетни играчи. – рече на промоцијата белгискиот репрезентативец, Мениј кој во ПСЖ се пресели од Бриж.
Трите засилувања за краток временски период се подарок за новиот тренер Унаи Емири кој го замени Лоран Блан на клупата од „светците“.
OhridNews