Францускиот шампион Пари Сен Жермен (ПСЖ), ја освои титулата во фудбалската Лига на шампиони втора година по ред, откако вечерва во финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го совлада Арсенал по лизведување пенали со 4:3, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а промена во резултатот немаше и по продолженијата. 

Арсенал подобро го отвори натпреварот и поведе уште во раната фаза преку Хаверц, но парижаните израмнија во второто полувреме со погодок од пенал на Дембеле. И покрај неколкуте добри можности на двете страни, победникот не беше решен ниту по дополнителните 30 минути игра.

Во пенал-рулетот пресудни беа промашувањата на  Езе и Габриел кај англискиот состав.

Со новиот триумф, ПСЖ стана само втор клуб во модерната ера на Лигата на шампиони кој успеал да ја одбрани титулата, по серијата на Реал Мадрид од 2016 до 2018 година. За тренерот Луис Енрике ова е уште едно големо европско признание, додека Арсенал останува во потрага по првата титула во најелитното клупско натпреварување на Стариот континент.

OhridNews