Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон синоќа соопшти дека Каталонија нема да го прифати планот на Мадрид за одземање на автономијата на регионот и за распишување предвремени избори, јавува 2Макфакс“.

Во својот говор тој го опиша наметнувањето на директното владеење како најлош напад врз институциите на Каталонија од диктатурата на Франциско Франко. 

Пучдемон изјави дека шпанската влада дејствувала против демократската волја на Каталонците по одбивањето на сите понуди за дијалог.

Тој рече дека ќе побара седница во каталонскиот парламент да расправа за одговор на плановите на Рахој.

Обраќајќи им се на европските граѓани на англиски јазик, тој додаде дека основачките вредности на Европската Унија се изложени на ризик во Каталонија.

OhridNews
извор:Макфакс