Инцидентот се случил пред зајдисонце на познатата плажа Бонди во Сиднеј, Австралија за време на церемонија на еврејски празник каде имало илјадници луѓе.

Според се уште непотврдени информации најмалку двајца непознати мажи отвориле оган кон толпата по што настанала паника. Неофицијално во пукањето загинале најмалку 12 луѓе, а голем број се повредени, пренесуваат австралиските медиуми. Се шпекулира дека меѓу загинатите е и еден од напаѓачите кој бил застрелан во престрелка со полицијата.

На местото на настанот присутни се бројни полициски сили, медицински екипи и спасувачи кои им прижаат помош на повредените.

Австралиската влада го оцени нападот како шокантен терористички чин. Засега не се познати мотивите за нападот, ниту кој стои зад него.

Г.М.