Во Теово синоќа дожло до оружена престрелка во која три лица се повредени. Повредените поради сериозноста на повредите веднаш се пренесени на скопските клиники, а мотивот за престрелката ќе се утврдува.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што се случила престрелката

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, за вештачење на пронајденото оружје (еден пиштол) и муниција, како и за вештачење на возилото пронајдено на местото на престрелката. По наредба на јавниот обвинител, на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуство на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во нивната крв. – соопшти обвибителството.

OhridNews