Еден скопјанец е повреден во нога, во пукање што се случило синоќа во 21.45 часот во скопската населба Козле, потврди МВР.
Расправијата настанала меѓу седумдесет и едногодишниот М.Г. и неговата поранешна четириесет и шестгодишна сопруга Т.Г. од една страна, и шеесет и тригодишниот С.Ј. од друга страна. Причина за расправијата биле нерасчистени имотно-правни односи.
С.Ј. извадил пиштол, почнал да пука и го ранил М.Г. во левата надколеница. Повредениот е пренесен во Ургентен центар, а од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.
извор: Makfaks












