Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го приреди најголемото изненадување на АТП турнирот во Мадрид елиминирајќи го Енди Мареј во осминафиналето.


20-годишниот тенисер за час и половина во два сетови (6-3, 6-3) го преслуша најдобриот тенисер во светот и избори пласман меѓу ТОП 8.

Триумфот и пласманот понатаму на Чориќ добива добива дополнителна тежина, бидејќи Хрватот учество на турнирот во Мадрид обезбеди како „среќен губитник“ низ квалификациите.

Во четвртфиналето младиот тенисер ќе се сретне со победникот од осминафиналниот дуел Григор Димитров – Доминик Тием.

На останатите осминафинални мечеви Новак Ѓоковиќ го совлада Фелисијан Лопез во два сетови и закажа четвртфинална пресметка со Кеи Нишикори.

OhridNews