Екипата на Милан ја активираше најголемата трансфер „бомба“ во летниот преоден рок во светот на фудбалот доведувајќи го Леонардо Бонучи од тимот на Јувентус.
Дефанзивецот со клубот од Сан Сиро потпиша петгодишен договор и по сезона ќе заработува по 6.5 милиони евра. „Бјанконерите“ за трансферот на Бонучи ќе инкасираат 40 милиони евра, кои сигурно ќе ги пренаменат за друг фудбалер, односно централен дефанзивец.
Многуте реализирани трансфери и преселбата на Бонучи во Милан сигурно ќе ја разгори фудбалска Италија и Серија А повторно ќе има драж и жар како некогаш.
„Росонерите“ сезонава ќе играат во Лигата на Европа, а догодина планираат да се натпреваруваат со најдобрите клубови во ЛШ.
OhridNews