Утрово околу  04,50 часот во Струга на ул. „15 Корпус“, во непосредна близина на угостителските објекти лоцирани на тој простор  од страна на 31 годишен жител на Радолишта било пукано од огнено оружје, соопшти МВР.

Полицијата  го привела лицето од кое со потврда бил одземен пиштол „ГЛОК 17“, кој што го поседувал со дозвола.

Увид на лице место извршиле истражен судија и  екипа од ПС-Струга, која презема мерки за целосно расветлување на настанот.

OhridNews