По повод 20 годишнината од постоењето на АДОРА, приватната иницијатива на семејството Чифлиганец и 10 години успешна македонска градителска приказна АДОРА Инженеринг, на 11 Октомври вечерта, во присуство на голем број купувачи, деловни партнери и гости, беше пуштен во употреба новиот елитен станбено-деловен објект Скопје-Под Водно. Сместен во срцето на метрополата, непосредно под падините и природните убавини на Водно, овој грандиозен објект на 9 ката, со модерни подземни паркинзи на три нивоа, нуди идеални услови за модерно, урбано и релаксирано живеење.

Елитниот станбен објект Скопје-Под Водно е изграден на градежно земјиште, купено на транспарентна јавна лицитација, за што се платени 1.650.000  евра за локацијата од 4.500 м2, а за комуналии околу 1.500.000 евра. Во овој капитален објект, каде е направен финансиски економски обрт од околу 30 милиони евра во двете насоки,  вградени се 15.000 м3 бетон и 1.500 тони железо за изградба на 143 елитни високвалитетни станови, со 800 м2 атрактивен деловен простор и 230 паркинг места. Становите кои се со гарантирана асеизмика, безбедни, цврсти, изградени со врвен  квалитет по најновите светски стандарди, технологии и иновации за квалитетно домување и енергетската ефикасност, штедат енергија и пари и ја заштитуваат  животната средина, што е посебно важно во време на криза, во зимскиот и летниот период – порача генералниот директор и сопственик на АДОРА Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец. 

10-тата јубилејна година, АДОРА Инженеринг ја заокружува како лидер во високата градба, позиционирана на 20-тото место меѓу најуспешните компании во Република Македонија во 2011 година, според рангирањето на Централниот Регистар. Компанијата два пати е прогласена за Инвеститор на годината за 2010 и 2011 година на меѓународниот саем за недвижности РЕАЛЕЏ во Скопје. Мотото на ген. дир. на АДОРА Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец е да се натпреварува и успешно да се носи со странските инвеститори кои се во Македонија.

Во изминатите 10 години АДОРА Инженеринг има изградено 18 елитни станбени објекти во Скопје, Охрид и Струмица. Најголемиот тековен инвестициски проект е во општина Аеродром, во Скопје, каде компанијата до сега има изградено три, а во моментов се градат уште пет елитни станбени објекти. Во АДОРА Инженеринг проценуваат дека во 2012 година ќе направат финансики обрт во двете насоки од околу 50 милиони евра, домашна инвестиција која е за почит.

Елитниот станбено-деловен објект Скопје-Под Водно беше осветен и пуштен во употреба со хуманитарен настан за собирање стара облека и предмети во соработка со Црвениот Крст-Скопје, а покрај промотивните имаше и културно-забавни содржини со атрактивен настап на солисти од земјава кои од терасите на објектот изведуваа популарни оперски арии.

OhridNews