Пуштен во употреба новиот резервоар за вода во Подмоље. Инвестицијата, како што наведува градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук профилот е на Oпштина Охрид и е од суштинско значење бидејќи со истата завршува долгогодишната голгота на жителите во овој дел од градот.

Изградбата на резервоарот е почната во 2020 година, а денес конечно се комплетира со сите неопходни елементи за негово пуштање во употреба, се додава во објавата.

OhridNews