Во рамки на работната посета во Охрид, премиерот на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја пуштија во употреба реконструираната улица „Ристо Чадо“.
-Улицата „Ристо Чадо“е реконструирана по целата нејзина должина од 692 метри и ширина од 6 метри. На улицата е поставен тампонски слој по што следеше поставување на нов слој висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиетри. Се изгради атмосферска канализација по целата должина со профил Ф-400 и веќе е приклучена кон атмосферската канализација на улица „15 Корпус. Исто така за прв пат на оваа улица изградени се тротоари од двете страни по целата нејзина должина. Според договорот вредноста на проектот кој се однесува на поставувањето на атмосферската канализација по целата должина на улицата е 6. 355 247 денари, а вредноста на реконструкцијата на улицата е 11.196 607 денари, рече градоначалникот Бакрачески.
Во рамки на посетатата на Охрид, премиерот Никола Груевски оствари средби со граѓаните на Лескоец и Велгошти и ја посети Филмската академија која неодамна започна со работа.
OhridNews