Пуштени во употреба реновираните простории на ОФС Охрид
02.11.12 22:10
Со мала свеченост во присуство на активни и поранеши спортски работници од Охрид, беа пуштени во употреба новите простории на Општинскиот фудбалски сојуз на Охрид. Просторите се сместени во поттрибинскиот простор на градскиот стадион во склоп на СРЦ “Атина Бојаџи“.
– Најголемиот дел од средствата за реновирање на просториите се обезебедени од средствата со кои клубовите партиципираат во Општинскиот фудбалски сојуз, на име на регистрации, брисовници и сите пропратни работи кои клубовите ги уплаќаат на сметка на сојузот. Со незначителен дел од средствата учествуваше и Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија. Иако беа уредно поканети тие не се одзваа на нашата покана да присустуваат со нас – рече Тони Иваноски, член на УО на ФФМ.
Актуелниот претседател на ОФС Охрид, Димче Попоски го истакна значењето на овој простор кој е отворен за сите спортски работници во Охрид. – Сојузот како и секогаш ќе биде отворен за сите. Очекувам овој реновиран простор овде да биде спортски дом и за идните генерации – посочи Попоски.
– Ние треба да сме среќни што имаме вака уреден простор каде ќе може да ги оствариме нашите средби. На почетоците на фудбалот во Охрид, ние немавме свои простории и мака мачевме да ги оствариме неопходните состаноци,сега тоа нема да биде никаков проблем – рече највозрасниот меѓу присутните Димче Стојкоски – Лепи.
Фудбалерите на Охрид Лихнидос продолжуваат со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига Во рамки на 8 коло, охриѓани славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 2:0 Охрид пове...
Кошаркарите на ГКК Охрид денеска ја пречекуваат Гевгелија во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига Натпреварот почнува во 18 часот Охриѓани во првиот домашен натпревар сезонава влегува...
ГФК Охрид Лихнидос денеска и гостува на Македонија Ѓорче Петров во натпревар од 8 коло во Втората македонска фудбалска лига Сино-белите во Скопје патуваат како лидери на табелата По седум одиграни ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.