Русија на отворањето на Светското првенство високо ја порази Саудиска Арабија со 5:0. Во големата победа уживаше и претседателот Путин, кој по завршувањето на средбата му телефонирал на селекторот Станислав Черчешов и тоа сред прес конференција.
Како што пренесува „Гардијан“ Черчешов само што стигнал на пресот му заѕвонил телефонот. Откако видел кој го бара се повлекол и зборувал тивко извесно време. Кога се вратил на пресот на новинарските екипи им соопштил дека разговарал со претседателот Путин кој му ја честитал победата и го замолил да им пренесе поздрави на репрезентативците.
OhridNews