По информациите од ЈЗУ Здравствен дом Охрид дека за кратко време се очекува да почнат со работа амбулантите во селата Требеништа, Мешеишта, Куратица, Трпејца и Љубаништа, од ПЗУ Поликлиника „Кардиолаб Маџаров“ реагираат дека тие како здравствена установа веќе подолг временски период се во подготовки за отворења сопствена амбуланта во селото Куратица и дека постапката за истата е при крај.
„ПЗУ Поликлиника „Кардиолаб Маџаров“ во селото Куратица има обезбедно и вработено лекарски тим, за кој тим е добиена лиценца од страна на Министерството за здравство и кој тим веднаш ќе почне со секојдневна работа во именуваното рурално подрачје, штом се завршат административните обврски на сопственикот на амбуланта која не е во сопственост на ЈЗУ Здравствен дом, туку на друг правен субјект – Месна заедница „Куратица“ односно Здружение на граѓани „Св. Василиј“ со кој веќе имаме склуено преддоговор.“ – се вели во реакцијата на ПЗУ Поликлиника „Кардиолаб Маџаров“.
Оттаму потенцираат дека Министерството за здравство нема селективен пристап кон никого во евентуална постапка за доделување дозвола за дејност, истакнувајќи дека здравствената дејност која планира ЈЗУ Здравствен дом да ја обавува во ова село е само времена солуција и не претставува трајно решение, како што е тоа на ПЗУ Поликлиника „Кардиолаб Маџаров“.
„Како побарување од нивна страна е решение за сопственоста на конкретните амбуланти. Но и во најдобар случај и доколку се сите во сопственост на ЈЗУ Здравствен дом, истиот може само да ги издава под концесија на доктори кои веќе имаат формирано приватни здравствени установи и кои во наведените амбуланти под одредени услови ќе вршат дејност на матични лекари. Поинаку кажано, секоја друга форма на здравствена дејност која планира ЈЗУ Здравствен дом да ја обавува макар и под мотото „Патронажа од рурален доктор“, е само времена солуција и претставуватрајно речени како што ние сме пред врата да го изнајдиме за жителите на с. Куратица и околниот рурарелн регион, а благодарение на Министерството за здравство и локалната самоуправа под водство на градоначалникот Никола Бакрачески и кој е многу добро запознат за целата ситуација.“ – потенцираат од ПЗУ Поликлиника „Кардиолаб Маџаров“.
OhridNews