Локалната стратегија за млади на Општина Охрид ќе се креира со активно учество на младите луѓе, релевантните институции, организации и бизнис секторот кои денеска учествуваа на работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата. Присутните на настанот во Општина Охрид ги изнесоа своите ставови, предлози и сугестии во врска со стратегијата.
Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските области. Документот ќе се однесува на период од следните пет години, информираа од Општина Охрид.
Сите оние кои сакаат дополнително да достават предлози и сугестии за текот на процесот истото може да го сторат на официјалната е-пошта [email protected] најдоцна до 10.10.2021. Младите лица од 15 до 29 години имаат можност да одговорат и на онлајн прашалник кој е достапен на општинската веб страна.
Од локалната информираат дека процесот ќе продолжи понатака се до финалната изработка на Стратегијата за млади која на крај ќе биде изгласана од Советот на Општина Охрид.
OhridNews













