Општина Охрид, во рамки на проектот „RECIRCLE MED“, кој го имплементира преку Европската програма INTERREG EURO MED, на 3 и 4 декември 2025 година организира работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан.

Вториот ден ја проширува дискусијата на регионално ниво, со анализа на заедничките приоритети и потенцијалот за меѓусебна соработка меѓу земјите од Западен Балкан. На форумот ќе се одржат две тематски панел-дискусии: „Предизвици и бариери на Западен Балкан кон син и кружен туризам“ и „Можности за заеднички иницијативи и потенцијални финансирања.“
Настаните претставуваат вредна можност за учење, споделување искуства и заедничко обликување одржливи решенија во динамична и партиципативна средина, велат од Општина Охрид.
OhridNews












