Во четврток, на 7-ми април 2016 година на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи бесплатна работилница за генерирање на бизнис идеи во рамките на Наградата за социјално претприемништво 2016.

На работилницата младите и студентите ќе имаат можност подлабоко да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво.

-Освен запознавањето со нови, свежи идеи и бизнис модели, учесниците се здобиваат и со можноста да аплицираат своја идеја која би можеле да ја реализираат со веќе стекнатите знаења. Ова е можност за сите оние кои имаат некаква идеја за социјален бизнис да ја дооформат истата и да почнат со осмислување на својот бизис модел и бизнис план. Истовремено, оваа работилница е поттик и покана за сите оние кои не размислувале до сега во насока на социјалните иновации, да започнат да го прават тоа, информираат организаторите.

OhridNews