ИМЕ програмата и ЕСА Охрид организираат работилница „Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона ” што ќе се одржи од 21-ви до 25-ти април во Охрид за подобро искористување на продажните и дистрибутивните канали со цел да се зголеми продажбата на сместувачките капацитет преку целата година. Првата работилница ќе се одржи на 21-22 април и втората на 24-25 април.

На обуката ќе учествува Албион Идризи, претприемач со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово, кој успешно води и раководи компании во туристичката индустрија на Косово и работи како консултант за локални и меѓународни организации во туризмот. Во јануари, Идризи имаше дводневна обука за 12 сопственици за приватно сместување во Охрид и резултатите беа одлични. Повеќето од учесниците веќе ги применуваат стратегиите од обуката и преку новите ценовни политики и продажни канали остваруваат зголемена продажба.

Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact која од 2015 година работи на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија. „Тоа го правиме преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации: Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од нашите активнпости ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети“, велат организаторите.

ИМЕ прогрмата ги покрива 90% од трошоците за оваа дводневна работилница, а придонесот на заинтересираните е 1.000 денари. Заинтересираните за работилницата треба да пратат потврда за учество на [email protected] и/или Мимоза Поповска е-маил [email protected] назначувајќи за кој термин се заинтересирани , а потоа ќе добијат информација за начинот на уплата.

OhridNews