Осум члена работна група ќе го подготвува вонредното собрание кое наредниот четврток ќе се одржи во салата на Општина Охрид. Вака беше договорено на денешната средба на преставниците на спортските клубови одржана  на иницијатива на комисијата за организирање на собранието.

Групата ќе го прочисти стаутот и ќе изготви дневен ред според кој на наредната седница ќе бидат избрани новите тела на сојузот кој ќе го наследи стариот кој повеќе години не функционира.

Собирот синоќа покажа дека охридските спортски работници имаат желба да го рестартираат Сојузот на Спортови. Од 29 регистрирани клубови на подрачјето на општина Охрид на средбата пристувуваа 25 што имплицинтно ја покажува желбата за помрднување на работите од мртвата точка.

М.П.