Денес ќе се основа Работната група за имплементација на препораките од извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието на Република Македонија од 24 декември минатата година.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски закажа Координација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Македонија.

Во понеделникот по долги партиски препукувања беше потпишан Извештајот за настаните од 24 декември кој што содржи 11 препораки коишто треба да ги имплементира Собранието и седум заклучоци.

OhridNews

Makfaks