Штипската тројка на чело со главниот арбитар Стојанче Стојанов ќе ја дели правдата помеѓу Работнички – Фк Охрид во десеттата рунда од првата македонска фудбалска лига. Помошници на Стојанов се Караколев Никола и Иванов Сашо.


Избраниците на Драган Антиќ натпреварот против Работнички ќе го играат на стадионот “Чаир“, поради санацијата на теренот на арената “Филип втори“.  Мечот е в сабота со почеток во 14 часот.

Мх.П.