Големите спортски ривали Работнички и МЗТ Скопје меѓусебниот дуел во 4-та рунда од Супер лигата ќе го одиграат во Гостивар во спортската сала „Младост“ без присуство на публика.

„Вечното“ дерби кое требаше да се одигра синоќа во салата „Градски Парк“ беше одложено поради неисправноста на семафорите за 24 секунди, а Работнички како резервна опција го понуди Гостивар.

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја прифати понудата од Работнички и дербито после многу соопштенија и тензии ќе се одигра во Гостивар со почеток во 19 часот.

OhridNews