„Вечните“ ривали МЗТ Скопје и Работнички ќе ја бијат финалната битка за титулата во македонската кошаркарска елита.

Кошаркарите на МЗТ Скопје на лутиот ривал во финалето му се придружија после успешната елиминација на Блокотехна со вкупен резултат (3-1) во полуфиналето.

До третиот триумф во серијата со Блокотехна кошаркарите на актуелниот шампион дојдоа во Гевгелија победувајќи со тесни 74-72 во четвртиот меч.

МЗТ Скопје во финалето ќе ја брка седмата титула по ред, додека Работнички ќе ја прекинува доминацијата на „штрковите“.

OhridNews