Бранителот на трофејот во Првата кошаркска лига, Работнички останува единствена екипа со максимален ефект, откако во последниот меч од шестата рунда го совлада составот на МЗТ Скопје со 90-88 (23-21, 25-23, 20-23, 22-21) „вечното“ дерби.

Градското дерби помина изедначено, двете екипи имаа свои моменти, а Работнички беше екипата која го контролираше водството. Првата четвртина ја добија со два поени, а со идентичен скор заврши и втората за водство (48-44) на полувремето.

„Штрковите“ во третиот период успеаја да намалат на еден негатива добивајќи ја со 23-20. Во решавачкиот квартал кошаркарите од Градски парк го задржаа водство оддолевајќи на нападите од домаќините. Последниот напад им припадна на „сино белите“, но обидот на Марко Симоновски не ја погоди целта завршувајќи во таблата.

Работнички после шест одиграни рунди во Првата лига има пет победи, а лидер на табелата е Блокотехна која има скор од пет победи и еден пораз.

Фото: Гол.мк
OhridNews