Работнички не ја продолжи соработката со словенскиот стратег Роберт Певник. По само шест месеци минати во македонската прва лига, Певник заминува и се враќа во Словенија.


Певник, го предводеше Работнички до финалето во Купот на Македонија каде “романтичарите“ претрпеа пораз од Ренова 3-1, и не обезбедија излез во Европа.

Во првенството сезонава Работнички не се покажа во најдобро светло и заврши на скромната осма позиција. До доаѓањето на нов тренер, екипата ќе ја води помошникот Горан Петрески.

Мх.П.