И покрај најавите на тим менаџерот на Работнички Бобан Бабунски дека екипата нема да патаува во Баку за дуелот против Интер од квалификациите за ЛШ, итниот состанок на претседателот Драган Поповски и Бабунски сепак го омекна ставот на тим-менаџерот.

Поповски во својата последна изјава на Спортското радио 90,3 фм потврди дека имало недоразбирања, но сепак истите биле надминати и екипата ќе патува во Азербејџан.

Бабунски најави дека неговата екипа ќе се солидаризира со суспендираните играчи на Вардар кои требаше да му помогнат на Работнички, но сепак последниот став е дека тимот утре ќе патува за Баку и ќе го одигра дуелот во вторник.

Ако Работнички се решеше да го бојкотира дуелот сигурно ќе заработеше ригорозна казна од УЕФА која е немилосрдна за вакви постапки.

Извор Спортско радио 90,3 ФМ