Фудбалерите на Работнички под палка на тренерот Ратко Достаниќ тренираат во пеколен ритам по два пати на ден на подготовките во Охрид.

„Романтичарите“ на СРЦ „Билјанини Извори“ влегуваат во завршната фаза од подготовките каде се отстрануваат мааните во екипата и се бруси формата за стартот на сезоната.

Работнички закажа нови тест средби во Охрид. Клубот од Дебар Маало силите ќе ги одмери со тетовска Шкендија и второлигашот Тиквеш, Мечевите се играат в петок и в сабота. „Романтичарите“ на стартот од подготовките во Охрид го совладаа битолски Пелистер со 2-0.

OhridNews