При изведување градежни работи на автопатот во изградба Охрид – Кичево, како што дознаваме, се случила несреќа при што настрадал градежен работник од Република Кина. Работникот веднаш бил пренесен во специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, но засега не е познат карактерот на неговите повреди и како е неговата здравствена состојба.
Информацијата ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски кој најави повеќе информации за немилиот настан подоцна. Во тек е истрага за расветлување на случајот.
Г.М.
OhridNews