Немилиот настан се случил утрово при изведување работи во изнајмен деловен простор во мол во изградба на улицата „7-ми Ноември“.
Од СВР Охрид информираат дека работникот веднаш бил пренесен во Специјализирната болница „Св. Еразмо“, но за жал им подлегнал на повредите.
На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил 58 годишен работникот од Охрид. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите, велат од СВР Охрид.
Посочуваат дека увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.
OhridNews