Инцидентот се случил вчера во 14:40 часот. Во СВР Охрид стигнала пријава дека 48-годишен жител на охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера.

Работник на бандера. Фото: Илустрација.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи, информира МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот

Синоќа во 21:35 часот во струшкото село Враништа, приведен бил 34-годишен жител на с. Лабуништа.

Полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го затекнале лицето во паркирано возило „форд“ со словенечки национални ознаки и притоа пронашле предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews
Фото: Илустрација