Вработените во ЈП „Македонијапат“, кои неодамна штрајкуваа поради три неисплатени плати и поради тешката финансиска состојба во претпријатието деновиве ја добија и втората заостаната плата.

Според управата на претпријатието со ова е надминато незадоволството и се создадени услови за продолжување со нормална работа.

– Минатата недела, по неколкумесечни блокади, беше деблокирана сметката на претпријатието, со што се создадени услови за продолжување со работа на сите подружници, односно за набавка на нафта, битумен, ризла и друг материјал неопходен за редовно одржување на патиштата, вели директорот Гајур Кадриу, кој на функцијата е помалку од два месеца.

OhridNews