Според податоците на Државниот завод за статистика, годишниот просек на издатоците на работодавецот за еден вработен во Република Македонија, во 2012 година, изнесувал 397.279 денари.

Месечниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија, во 2012 година, изнесувал 33.107 денари. Најголем месечен просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија бил регистриран во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесувал 67.748 денари.

Во 2012 година, годишниот просек на издатоците на работодавецот по фактички одработен час во Република Македонија изнесувал 199 денари. Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Република Македонија изнесувал 1.995 часови.

OhridNews