Градоначалникот Никола Бакрачески, денес ја посети населбата Рача каде се започнати градежни работи за изградба на плоштад, на детско игралиште, а предвидено е и да се изврши реконструкција и доградба на разрушениот Дом.
Според Проектот по кој се изведуваат градежните работи, плоштадот во населбата Рача треба да е партерно уреден, во еден дел оплеменет со зелена површина, ќе бидат поставени клупи за одмор, мала фонатана, а целиот простор ќе биде и соодветно осветлен.
Руинираниот објект што во минатото служел за собирање на жителите и простор за организирање на настани, ќе биде целосно обновен и дограден. Градежните работи ќе се изведуваат во неколку фази, а се очекува да завршат до почетокот на летото.
OhridNews