Ракометот во Македонија во името на Раде Стојановиќ има уште еден тренер со највисока лиценца според стандардните на европската куќа на ракометот (ЕХФ). Тренерот на Охрид со „EHF Master“ лиценцата се закити во романскиот град Букурешт. Стојановиќ за OhridNews откри како се одвиваше целиот процес и кој дел од ракометната игра го анализирал пред комисијата составена од четири членови.

  • Во краток временски период ги поминав трите потребни модули за да можам да ја презентирам темата која јас ја одбрав. Со оглед на добро организираноста и строгоста на четиричлената комисија се одлучив за специфечен дел во играта-ротацијата. Го одбрав завршниот турнир во Лигата на Шампиони на кој Вардар ги победи Барселона и Веспрем и стигна до втората титула на стариот континент. Добро се подготвив, часови поминав анилизирајќи и пишувајќи пред компјутер и многу ми е мило што ги исполнiв сите критериуми и ја добив највисоката тренерска лиценца. – изјави Стојановиќ.

Селекторот на најмладата македонска репрезентација има цели, но за сега плановите му се поврзани со Охрид каде ја поминува првата сезона.

  • Имам некои цели, но сите планови ми се поврзани со Охрид. Со клубот не очекуваат големи предизвици во Супер лигата и не сакам ни момент да помислам на нешто друго. Еден ден сакам да водам екипа во ЛШ и да бидам тренер во најсилните лиги, но за тоа ќе одиме чекор по чекор. – заврши стратегот на охриѓани.

Стојановиќ кој е поранешен репрезентативец на Македонија, тренерската кариера ја започна во Металург каде беше асистент во првата екипа и тренер на младинскиот состав кој ја освои титулата во националниот шампионат.

Мх.П.