Ракометарите на Охрид го совладаа Пролет во дербито со 22-18 и во голема мера го обезбедија првото место во А групата од регуларниот дел во Супер лигата. Охриѓани до триумфот во Скопје стигнаа со перфектна игра во завршницата од вториот дел, кога домаќините не го издржаа квалитативното темпо на игра.

Прво и успешно вистинско дерби за нашата екипа во овој дел од првенството. Честитки до двете екипи за фер и коректната игра. Ние одигравме добра одбрана во текот на целиот натпревар, во напад се подобривме во второто полувреме и покажвме дека моментално сме подобра екипа. За нас победата е многу голема бидејќи се соочивме со големи проблеми поради коронавирусот во нашиот состав. Во текот на мечот останавме без голманот Никола Даниловски, но Јагош Брауновиќ стапи сцена, покажувајќи дека имаме одличен голмански двоец. – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Во вториот круг од А групата, Охрид, на 22 ноември ќе го пречека составот на Голден Арт КЛ7. Во 9-та рунда Охрид е слободен, а потоа следуваат мечевите со Радовиш, Пролет, Струга, Јуниор КВ и Астраион.

OhridNews

 

Супер лига: Охрид со пресврт славеше во дербито со Пролет (видео)

Потег на денот: Велеслаломот на Мартин Ивановски (видео)