Ракометарите на Охрид, в сабота со почеток во 18 часот и 30 минути во спортската сала „Боро Чурлески“ во Битола ги очекува натпревар со тимот на Пелистер. „Зелено белите“, со помош од Еурофарм Работник направија добра екипа и ќе бидат сериозен испит за охридските ракометари во третата рунда од Супер лигата.

  • Пелистер иако последен се екипираше успеа да направи состав за респект. Кога на сето тоа ќе се додаде поддршката од домашната публика можам да кажам дека не очекува тежок натпревар. Наша цел е да ја повториме играта, пристапот и борбеноста од дуелот со Работнички и да извојуваме победа. Проблем со повредени ракометари немаме и сите ќе бидат во комбинација за настап на дуелот со Пелистер. – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Во пресрет на средбата, Пелистер се засили на пикерската позиција доведувајќи го Игор Трајкоски од тимот на Струга, кој го зафати финансиска криза.

Охрид и Пелистер по два одиграни натпревари во Супер лигата имаат идентичен скор од една победа и еден пораз.

Во преостанатите мечеви од Супер лигата ќе се сретнат Пролет – Металург, Работнички – Металург 2, Радовиш – Струга, Вардар Јуниор – Бутел Скопје.

OhridNews