Романскиот шампион во женска конкуренција, ЧСМ Букурешт ќе биде следна дестинација за Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.

Триото од ЖРК Вардар во Букурешт ќе се пресели по завршување на оваа сезона, откако раководството на македонскиот првак откри дека ќе се насочи кон ракометарките од младинскиот погон.

Претходно, заминувањето од Вардар го официјализираа Александра Лакребре, Амандин Лејно и Андреа Пенезиќ која ќе стави крај на кариерата.

OhridNews