Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ направи радикални промени, откако се договори со тренерот Маријан Вајда, кондициониот тренер Гебхард Фил Грич и физиотерапевтот Миљан Амановиќ, заклучно со Мастерсот во Монте Карло да ја прекинат повеќегодишната соработка.
До ваков договор помеѓу Ѓоковиќ и лицата во стручниот штаб стигнало по деталнаta анализа на играта, постигнатите резултати, но и заради приватните планови на секој член на тимот.
Заклучено е дека и покрај фантастичната соработка во изминатиот период, во моментот се потребни промени, нов пристап и нова енергија за да може Ѓоковиќ да го подигне нивото на играта и да остварува подобри резултати.
OhridNews