Оваа песна е само најава за проектот кој следува од овој млад и талентиран музичар.
Целта на “Разбуди се” е едноставно ширење на позитивни вибрации и примамување насмевки на секој кој ќе ја чуе. Желбата на авторот е секој да си дозволи да ја почувствува енергијата која ја носи оваа песна и да ја разбере на свој,
посебен начин.
Како гостин во песната се појавува рап артистот Даз Флоу ( Дарко Иваноски ) со свој авторски текст кој кратко, ама слатко ја надополнува оваа нумера.
Музиката и аранжманот се на Горан Папаз и Гоце Симоноски.
Според најавите наскоро ќе можеме да видиме и видео запис за соло првенчето на Папаз.