Кошаркарите на Раднички Крагуевац (Срб.) и Лукоил (Буг.), ќе го отворат турнирот „Охрид трофеј 2013“, што денес започнува во спортската сала „Билјанини извори“.
Натпреварот се игра од 18 часот.
Во вечерниот термин од 20.30 ч. се среќаваат македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Металац од Ваљево (Срб.).
Покрај натпреварувачкиот дел, организаторот на турнирот, спортската сала „Билјанини извори“, подготви бројни изненадувања за љубителите на кошарката. Пред спортската сала ќе има фан зона во која ќе се одржи турнир во 3-ки за девојчиња и момчиња до 15 години, а ќе бидат поставени и специјални кошеви за најмладите од охридските градинки кои ќе дружат со своите родители.
Изненадувања ќе има и за публиката која ќе го следи турнирот. Имено, на полувреме од вечерниот натпревар еден среќен гледач ќе има можност од три обиди да погоди 3-ка од центар и да заработи 10.0000 денари.
Блок влезницa за двата натпревари од кошаркарскиот спектакл со салата “Билјанини извори“ чини само 100 денари.
OhridNews