Во првата фаза од програмата за асфалтирање на локалната самоуправа, по асфалтирањето на „Радојца Новичиќ“, ќе се пристапи кон асфалтирање и на улиците „Петрино“, „Богомилска“, „Крум Точков“ и крак од „Васил Стефоски“.
– Во локаланата самоуправа активно се работи на изработка на проекти за асфалтирање на улиците, не само во централното градско подрачје, туку и околината. Во нашите програмски определби, зацртано е до окомври да се асфалтираат голем број улици со средства од доделен кредит од Светска банка, изјави Бакрачески.
Како што информира градоначалникот, најголем дел од доделените средства од Светска банка ќе бидат искористени за обновување на инфраструктурата, како и за изградба на водоводна мрежа, атмосферска канализација, за санација на училиштата кои не се опфатени со програмата на министерството за образование, а дел ќе бидат наменети и за набавка на опрема за ЈП „Охридски комуналец“.
Во тек се активности и за санација на оштетувањата и пополнување на дупките на улиците низ градот. До крај на сезоната предвидена е санација на улици во вкупна должина од 2000 метри.












