Ракометарите на Охрид 2011 во дерби мечот од 14-та рунда во првата машка ракометна лига на домашен терен го пречекуваат четвртопласираниот Радовиш. “Гладијаторите“ пред своите гледачи се немилосрдни и (не)гостопримливи, а потврда за тоа е стопостотниот ефект.


Екипата на Радовиш во минатото коло претрпе пораз во дербито со Текстилец, додека охриѓани беа слободни и имаа една недела плус да се спремат за еден од клучните натпревари сезонава.

После овој дерби меч, “гладијаторите“ ги очекува нова пресмтка со “езерскиот“ ривал РК Струга Илинден.

Мх.П.