Охридските ракометни надежи со рутински триумф над своите врсници од Радовиш 36-26 (22-8) ја започнаа новата сезона во Младинската лига.

Младинците од РК Охрид искуството акумулирано играјќи за сениорскиот состав на дело го покажаа против ракометарите од Радовиш. Од самиот почеток на мечот наметнаа темпо кое им донесе двоцифрена предност после 30 минути игра. Ротацијата во составот во вториот дел го опадна ритамот, а гостите го искористија да го ублажат поразот (32-26).

Најпрецизен во тимот на Охрид беше Николче Ристески со седум голови, по шест реализираа Наум Костов и Мартин Иваноски, а по четири пати прецизни беа Адријан Селман и Кристијан Димитриески.

Во втората рунда охридските ракометари гостуваат кај тимот на Вардар од Скопје.

OhridNews