Прославениот германски тенисер Борис Бекер кој е тренер на најдобриот играч во тенисот, Новак Ѓоковиќ смета дека Рафа Надал не е голема закана за титулите оваа сезона.


Шпанецот враќањето во добрата форма го најави со освојувањето на турнирот во Монте Карло, каде што српскиот тенистер отпадна во второто коло.

– Го сакам Надал, го сакам и неговиот тенис и многу ми е мило што се враќа полека на старите патеки. Со сигурност Надал ќе биде уште посилен и ќе освои тројфе од некој Гренд Слем турнир, но моментално не преставува закана за Ѓоковиќ. – рече Бекер.

Германецот елиминацијата од Монте Карло не ја смета за неуспех на Ѓоковиќ кој паднал психолошки. – Психолошкиот пад не е воопшто страшен, колку физичкиот. Нормално е да се има мала празнина во душата кога играш топ тенис неколку години. Наша главна цел е трофејот од Олимписките игри, а потоа титулата од Ролан Гарос, но таа не ни е опсесија.

На трофеј од Олимписките игри се имаат израдувано Надал и Енди Мареј, а Ѓоковиќ шанса ќе има во Рио на крајот од месец август. 

OhridNews