Шпанскиот тенисер Рафа Надал се повлече од завршниот АТП турнир во Лондон, кој само што започна. Причина за повлекувањето е хроничната повреда на коленото која влошила напордните подготовки за престојниот турнир.

– Дадов збор дека ќе играм само ако сум потполно здрав. После првиот одигран со натпревар со Гофан болките беа преголеми и со лекарскиот тим одлучивме да се повлечам од турнирот. – изјави Шпанецот.

Надал годинава ќе ја заврши како најдобар тенисер, а местото негово во Лондон ќе пополни Карено Буста кој ќе настапи на мечевите со Григор Димитров и Доминик Тим.

OhridNews