Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде ветување дека ќе биде 100% подготвен за првиот грен слем турнир Австралија Опен, откако најави повлекување од турнирот во Бризбејн.

  • Се работи за ситна повреда, но лесно може да се случи да биде голема и фатална за мене следниот период. Одлучив да ги послушам советите од лекарите и да паузирам односно да не се натпреварувам на турнирот во Бризбејн.  Пред четири денови чувствував поголема болка, но сега сум подобар и ќе продолжам да тренирам со несмален интензитет за максимална подготвеност на Австралија Опен. – изјави Шпанецот.

Во текот на кариерата 32-годишниот тенисер само еднаш се искачи на првото место на подиумот во Мелбурн. Надал титулата ја освои 2009 година победувајќи го Рожер Федерер во финалето.

  • Секогаш тука доаѓам со иста цел да победам и да се закитам со трофејот. Годинава е исто, само што не можам дадам никави ветувања. Сигурно е дека ќе играм мотивирано, а ќе одам чекор по чекор. – додаде Надал.

Актуелен шампион на австралискиот грен слем турнир е Федерер. Новото 107 издание на АО Опен ќе се одржи од 14 до 27 јануари.

OhridNews